Полициски службеници од Оперативен тим потраги денеска во 17 часот во скопското село Марино, го лишија од слобода Т. П. (41) од Штип, кој бил баран по потерница од штипскиот Основен суд за доиздржување затворска казна за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, соопштуваат од МВР.
Тој претходно избегал од затворот во Струмица, а за доиздржување има уште две години, шест месеци и 15 дена.
Лицето ќе биде предадено на казнено поправната установа, информираат од МВР.