НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарската фела молчи за верските проповеди на нивните колеги од САД

0
By Менче Атанасова Точи on May 2, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Молк во Лекарската комора откако во јавноста беше обелоденето дека лекари од САД ќе ги обучуваат македонските доктори но и верски ќе проповедаат. По ова експресно беше тргнат текстот кој беше објавен во американскиот магазин „Фејт“

НОВА побара став и толкување од Лекарската комора на ваквиот договор кој Министерството за здравство го склучило уште минатата година , но од таму ни беше кажано дека претседателот Кочо Чакаларовски и неговите заменици нема да бидат достапни до вторник. Нема коментар ниту од Македонското лекарско друштво.

Неофицијално дознаваме дека Министерството го елиминирала МЛД од целата работа и затоа кај нив не постои интерес за обуките на американските лекари.


Некои од лекарите на хируршките клиники велат дека знаат за мисијата на американските доктори која не е само од областа на медицината , туку дека ќе вршат и верска пропаганда, за што се платени од нивната Евангелистичка црква. Вкупно 69 доктори од САД треба да престојуваат во Македонија до крајот на годината.

На чело на тимот американски лекари и нивен духовен лидер е д-р Енди Сандерс. Тој исто така е и главен координатор на проектот преку кој македонското министертво за здравство ги носи странските лекари во земјата.


Скадалот изби кога во интервју за „Фејт“ Сандерс вели дека Христијанизирањето, на недопредниот македонски народ е неговата најнова мисија.

„Нашата молитва беше Господ да ни овозможи пријателства со неколкумина доктори, кои со тек на време ќе станат зрели и верни следбеници на Христос , како и водачи на делото на Божјото царство во Македонија“, вели американскиот доктор, кој во средата на заедничка прес-конференција со министерот Никола Тодоров најавија дека во септември ќе донесат нови 60 врвни специјалисти, кои ќе ги обучуваат лекарите во земјата.

„Досега сме работеле во многу земји и видовме здравствени системи од многу земји, но не на ваков начин како што работиме во Македонија. Она што министерот Тодоров го почна тука е навистина нешто многу уникатно, единствено. Овој проект е развиен врз основа на релациите меѓу специјалистите од Македонија и од САД“, рече Сандерс на прес-конференцијата.

Според американскиот магазин „Фејт“ тој на македонските власти јасно им дал до знаење која е неговата мисија. Владата се согласила, а соработката почнала во февруари 2013-тата.


„Господ ни даде две големи привилегии. Можност да влијаеме на здравствената заштита на една цела нација со подучување на новите техники и процедури кои ќе бидат дел од здравствениот систем. Втората и главна причина на оваа мисија е можноста да се донесе Евангелието не само до нацијата, туку и до нејзините лидери, кои имаат големо влијание како следбеници на Исус Христос.“

Во овој текст за најновата мисија на Сандерс, верскиот магазин дава и кус опис за религиската припадност на граѓаните во земјата.

„Северно од Грција, опкружена од Албанија, Србија и Бугарија, Македонија е независна држава само 20 години, таа дури и не се појавува на постарите географски карти. Се проценува дека Евангелски христијани има помалку од еден процент, додека муслиманите сочинуваат околу 30 отсто од населението. Христијанската медицинска и стоматолошка асоцијација „Августа“ верува дека донесувањето на Евангелието во оваа нација недопрена од Божјиот збор никогаш не било од поголема критичка важност за напредокот на Божјото царство во ова време.“

Сандерс во интервјуто за „Фејт“ изразува надеж дека еден ден ќе ги види своите колеги-доктори од Македонија како религиозно созреваат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.