Денеска на денот на слободата на медиумите, продолжува судењето на тројцата новинари на Al Jazeerа, Peter Greste, Mohamed Fahmy i Baher Mohamed кои се во затвор 126 дена. Тие се обвинетио дека медиумски ги подржувале Муслиманските браќа, а телевизијата ги отфрла обвинувањата.
Еден од нив, Mohamed Fahmy ја доби наградата за Слобода на медиумите, 16-та по ред на Канадскиот комитет на слобода на медиумите. Во знак на одбележување на 3-ти мај , денот на Слобода на медиумите тројцата затворени новинари испратија отворени писма за да се заблагодарат за досегашната подршка и повикуваат на нивно ослободување.
-Кога новинарот ќе стане приказна, наместо самата приказна, ќе се запрашате кој е одговорен за тоа што сте во затворот на Одделот за тероризам во египетскиот озлогласен затвор, вели во своето писмо Fahmy.
Во својата порака Greste вели дека светот треба да ја признае потребата за одбрана на слободата на медиумите.
-Мораме да признаеме дека денес и во изминатите месеци, слободата на медиумите беше бранета на начин кој беше незамислив пред нашето апсење. Видовме многу протести ширум светот , кампања на интернет, петиции, новинарски конференции и молби кои досега беа без преседан во борбата да се заштити слободата на медиумите, пишува Greste.
Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун изрази загриженост заради апсењето на новинарите на состанокот со египетскиот министер за надворешни работи Nabil Fahmyj.