Уапсен и приведен е еден од разбојниците на златарата во Струга пред неколку дена во центарот на градот.Против 37 годишен жител на струшкото село Радолишта (П.Д) поднесена е кривична пријава поради основи на сомнение за сторено казнено дело разбојништво.Него основниот суд во Струга му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Со кривичната пријава опфатени се и други четири, засега непознати лица.Пријавените, на 30-ти минатиот месец од златарата „Циркон“ лоцирана на улицата „Маршал Тито“ во Струга, одзеле поголема количина на злато и златен накит во вредност, според кажување на сопственикот на златарата од околу 420.000,оо евра.
“Тие со употреба на сила, закана и огнено оружје непосредно нападнале врз животот и телото на лицата Б.С. (40), Е.Џ. (30) и Р.К. (42) сите од Струга вработени во Златарата “Циркон”.Неколку дена пред извршувањето на делото, сега притворениот П.Д. од лице од
Радолишта купил патничко моторно возило марка „Ауди-100“ без регистарски таблици.
Тој побарал да бидат извршени неколку измени-сечење кај задното седиште, отстранување на плочката и бројките од шасијата, отстранување на каишите за врзување, затемнување со црн спреј на стаклата од автомобилот како и ставање на лажни регистарски таблици, велат од СВР Охрид
Ова патничко возило со кое сторителите, по извршеното разбојништво избегале е пронајдено кај месноста „Руенски ливади“ во атарот на селото Мали Влај во близина на македонско-албанската граница. На оддалеченост од околу 3 км. во правец од с.Вишни према с.Мали Влај на планинскиот пат кон караула Три Шилка, пронајдени се неколку опаковки со златни предмети. Притворениот П.Д. е лице познат на службата против кого, по слични основи биле поднесувани кривични пријави.




