НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Растот на БДП во Македонија ќе изнесува 3,0 проценти

0
By Светлана Јовановска on May 5, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пролетната прогноза на Европската комисија (ЕК) се констатира дека Македонија имала раст на БДП од 3,1 проценти. ЕК очекува исто така дека ќе дојде до понатамошно зголемување на јавниот долг на владата. «Откако порасна за 2.0 поени во 2013 година, рациото на јавниот долг би можел да порасне за 4.8 поени во 2015 година.

За оваа година, Брисел предвидува дека растот на БДП во Македонија ќе изнесува 3,0 проценти, во што единствено подобри од неа ќе бидат Летонија (+3,8%), Литванија (+3,3%) и Полска (+3,2%). И за 2015 година Брисел и предвидува позитивен раст на нашата земја од 3,2 проценти. «Од надворешниот сектор, економското закрепнување што почна неодлучно во втората половина на 2012 година, доби цврста основа минатата година“, вели ЕК и забележува дека производството пораснало за 3,1 отсто во 2013 година.

Профилот на растот повторно ќе се менува во скора иднина со обвновените инвестиции и трошењето на домаќинствата кои го имаат приматот. ЕК предвидува дека јавните и странските инвестиции ќе растат со оглед на амбициозниот проект на владата да привлекува странски инвестиции. Се очекува исто така позитивен тренд во вработувањето, повисоки социјални трансфери. Со новите странски инвестиции и порастот на узовот ќе водат кон раст на трговскиот баланс во наредниот период.

«Порастот на потрошувачката на домаќинствата, исто така, најверојатно ќе остане еластичен, во согласност со проектираното зголемување на расположливиот приход, врз основа на очекувањата за позитивниот тренд со вработувањата, повисоките социјални трансфери и приближно стабилните дознаки. Со планот на новите странски инвеститори да го преземат производство, поврзано со зголемување на увозот, сето тоа се очекува да доведе до обновување на проширувањето на трговскиот биланс во текот на идните прогнози хоризонтот, се наведува во продолжението од прогнозата за Македонија, каде се напоменува и дека нето-извозот негативно ќе влијае на растот во двете години», вели анализата.

Вработувањето пораснало за 4,3 отсто во 2013 година благодарение на вработувањата во јавниот сектор и пораст на градежништвото и мануфактурата. Се очекува дека невработеноста ќе се намалува пред се поради доаѓањето на инвестиции и трошењето на пазарот на работната сила.

Доколку структурните реформи за подобрување на бизнис-средината продолжат «се очекува да продолжи создавањето нови работни места. Иако стапката на невработеност и понатаму останува висока, таа во просек се намали за два проценти на 29 отсто во 2013 година, а во однос на претходната година. Па, на сметка на тековните обновувања, се очекува понатамошно подобрување во овој дел» вели анализата.

ЕК предупредува дека трговскиот биланс и тековната сметка повторно се влошиле поради големиот увоз. Во 2014 година се очекува силен раст на увозот како резултат на почетокот на нови јавни и директни странски инвестиции, а со почетокот на производната активност од страна на новите странски субјекти, растот на извозот постепено ќе се забрза во текот 2014 година а и подоцна.

Во анализата понатаму се вели дека «балансот на трговијата со стока ќе се влоши во текот на оваа и следната година, иако тоа ќе се покаже помалку значајно во повлекувањето на раст во 2015, отколку во 2014 година». Потоа се додава дека «финансирањето на тековната сметка, на тој начин ќе зависи повеќе од приливите на странските инвестиции и надворешното задолжување на владата, кое се очекува да се зголеми со оглед на значителното финансирање на потребите за инвестиции во јавната инфраструктура».

ЕК вели исто така дека не е и се сосема јасна македонската „стратегија за фискална консолидација“, па наведува дека општиот буџетски дефицит на владата во 2013 година изнесувал 4,1 проценти од БДП што е превисоко но сепак владата се одлучила на фискална потрошувачка базирана на консолидација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.