Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Заев: Да гласаме за најдобрите градоначалници и советници кои соработуваат и носат развој, а не за блокадите на ВМРО-ДПМНЕ

0
By НОВА ТВ on October 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 13, 2021 18:05

СДСМ пред вас ја презентира најдобрата кадровска и програмска понуда која гарантирано обезбедува развој на општините и на земјата и за која е потребна вашата поддршка. Граѓаните бараат резултати, напредок, подобар живот, развој, истакна претседателот на партијатаво видео обраќање до јавноста.

Тој кажа дека СДСМ подготвила проекти и кандидати кои можат најдобро да сработат за развој, за соработка, за подобар живот – во секое маало, секое село, секој град, секоја наша општина, во целата наша убава татковина.

Напредокот и развојот на општините е можен и изводлив само преку соработка. Соработката меѓу градоначалникот, членовите на локалниот совет и централната власт е клучна и нужна за да продолжи развојот на општините кои одлучиле да одат напред. Развојот на општините сериозно зависи и од локалните совети. Гласот за најдобриот градоначалник оди заедно со гласот за најдобрата советничка листа. Да не ризикуваме бидејќи од другата страна се закануваат блокади. Ако кога од спротива имате закана со блокада, нема подобро решение од тоа да гласаме ЗА соработката меѓу најдобриот кандидат за градоначалник и најдобрите кандидати за советници. Затоа, ве повикувам, во недела, да гласаме за градоначалници и советници кои ќе соработуваат и ќе реализираат проекти, а не за оние кои ќе блокираат и кочат. Да гласаме за развојот што го нудат советите на СДСМ, а не за блокадите со кои се заканува ВМРО-ДПМНЕ, вели Заев.

Тој порача да не се дозволи за партиски интерес да се закочи развојот на општините.

-Да не им дозволиме да блокираат градинки, училишта, улици, водоводи, канализации, паркови. Изградбата не смее да биде запрена од лошотијата и неспособноста на Мицкоски и неговите советници. Видовме сите што сѐ блокираше ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Илјадници амандмани поднесоа за да не стигне економската помош кај граѓаните, за да не се гради нов Клинички центар, за недела да не биде неработен ден за работниците. Но, колку и да блокираат, кога се малцинство, не му можат ништо на народот. Затоа, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат малцинство во советите. Блокадите повторно да бидат поразени. Гласајте за советници кои ќе бидат одговорни кон својот народ, кои ќе иницираат и нема да блокираат соработка со централната власт. Сите заедно да кажеме НЕ за блокаторите. Да гласаме за развојот и за СДСМ, а не за блокадите на ВМРО-ДПМНЕ. Да гласаме за Најдоброто, да гласаме за број 12 за кандидатите за градоначалници, за број 12 за листите за советници, повика претседателот на СДСМ.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.