Вооружени лица на мотоциклисти во Нигерија убија девет здравствени работници во два одделни напади во северниот град Кано.
Здравствените работници работеле за владата, давајќи полио вакцини за време на нападот.
Властите ја насочуваат вината кон исламистичката милитантска група Боко Харам, која ја осуди употребата на западната медицина и е обвинета за серија напади врз безбедносните сили во градот во последниве недели.
Овие престрелки може да ги попречат напорите на глобалните здравствеиа организации да се расчисти Нигерија од полио вирусот, кој може да предизвика непоправлива парализа кај луѓето по само неколку часа од инфекцијата.
„Вооружените напаѓачи отворија оган врз здравствениот центар во населбата Хоторо, при што загинаа седум, а во нападот во областа Зариа 2 лица‘, изјави портпаролот на полицијата, Магају Муча.
Исламистичката милитантска група Боко харам уби стотици луѓе минатата недела, во своите напори да наметне строги шеријатски закони во земјата од 160 милиони евра, поделени речиси еднакво меѓу христијаните и муслиманите.