НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Постигнувањето на договор со Бугарија, во себе да вклучува и почеток на преговори со ЕУ

0
By НОВА ТВ on October 14, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За сите шест точки од билатералниот протокол меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, произлезени од самиот во Брдо, постои простор за изнаоѓање на решение и навистина би било жално ако ја пропуштиме оваа шанса, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во вечерашното интервју за телевизија „Канал 5“.

Тој информира дека во моментов Владата работи на одговор на предлогот-решенијата на Софија во однос на петте прашања, но претходно треба да се состане Историската комисија. Османи не кажа конкретно дали кон крајот на месецов и почетокот на ноември ќе се потпише протоколот со Бугарија.

– Доколку се постигне договор за тие пет точки. Треба да има уште една точка, а тоа е да има поддршка од Бугарија за одржување на првата меѓувладина конференција на одреден датум. Мора да има „пет плус две точки“ за да има договор. Ако се случи тоа, тогаш на меѓувладината комисија, треба да го усвоиме тој договор, кој ќе биде потврден од двете влади. И паралелно се разговара за позиција на тој патоказ во европскиот процес. И ние сметаме дека португалскиот предлог е решението, вели Османи.

Постигнување на договор со Бугарија, вклучува во себе и почеток на преговори на нашата држава со ЕУ, изјави министерот за надворешни работи, кој рече дека е излишно прашањето за можноста да се постигне договор со Софија, а да не се почнат преговори со ЕУ.

– Нема да постигнеме договор, ако дел од пакетот не е и одлука за одржување на прва меѓувладина конференција, вели Османи.

Тој информира дека пред да се испрати одговорот на Бугарија за петте прашања, треба да се состане Историската комисија, за кој Османи изрази незадоволство од нејзината работа и од пристапот наметнување на една историска вистина.

– Се надевам дека средбата на Историската комисија ќе се одржи со физичко присуство, а не онлајн. Затоа што сметам дека со директните и отворени разговори ќе може се дојде проактивно до тие решенија. Ова е толку важен момент и сметам дека треба сите да бидеме на ниво на задачата и да се обидеме да стигнеме до решенија, нагласи Османи.

Министерот за надворешни работи нагласи дека на самитите на ЕУ, 26 земји-членки кажуваат дека се „за“  почеток на преговори со Унијата, а единствена која вели „не“ на последните самити е Република Бугарија.

Османи потенцира дека целата енергија на Владата е насочена да се постигне договор со Бугарија и на декемврискиот самит да се одлучи Република Северна Македонија да почне преговори со Унијата. Ако не успееме до декември, продолжуваме понатаму. Ова е маратон и ние немаме друга лента за трчање, Како што станавме членка на НАТО, така ќе станеме и членка на ЕУ, истакна Османи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.