НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Длабоко сум уверен дека земјава на 17 октомври ќе положи демократски испит на зрелост

0
By Sashko on October 15, 2021 ПОЛИТИКА
фото: архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изборите секогаш претставуваат демократски испит за зрелоста на една држава. Така ќе биде и со седмите, по ред, Локални избори 2021, на чиј праг сме. Наша заедничка задача e не само успешно да го положиме тој испит, туку и да ја поставиме нашата држава на едно ново, повисоко квалитативно ниво, што впрочем се очекува да претставува основна цел на сите политички субјекти, порачува во обраќање министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки.

Тој потенцира дека мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава и повикува во празничен изборен дух да ги избереме идните преставници на локалната власт, како што доликува на земја која е членка на НАТО и на пат е за членство во Европската Унија (ЕУ).

Моето длабоко уверување е дека на 17 октомври нашата татковина ќе го положи својот демократски испит на зрелоста. Политичката свест кај граѓаните на Република Северна Македонија за одговорноста која ја имаат пред иднината на својата држава е на едно високо ниво. Интегритетот на изборниот процес зависи од целосното почитување на основните демократски принципи, според кои граѓаните можат слободно да ја изразат својата волја преку гласачките кутии, во мирна атмосфера, без каква било форма на притисок, а притоа почитувајќи ги и мерките за заштита од ковид-19, истакнува во обраќањето Спасовски.

Министерот потенцира дека Министерството за внатрешни работи (МВР) има една од клучните улоги во спроведување на изборните процеси и ги презема сите надлежности што се предвидени со Изборниот законик – од доставување на податоците за ажурирање на Избирачкиот список, преку обезбедување на услови за мирна, целосно безбедна, фер и демократска атмосфера, како во текот на целиот изборен процес, така и на самиот ден на изборите, сѐ до обезбедување, преземање и враќање на изборниот материјал во ДИК.

Спасовски истакнува дека МВР е максимално подготвено да одговори на предизвиците околу безбедноста на изборниот процес.

Министерот за внатрешни работи апелира, пред сè, до носителите на изборните активности, кандидатите за градоначалници и политичките субјекти, што ги поддржуваат тие кандидати, да ги остават граѓаните самостојно да си ја донесат одлуката.

Борбата на идеи е втемелена во нивните изборни програми, кои имаа можност да ги претстават за време на предизборната кампања. Сега е ред на граѓаните да направат избор според сопствените убедувања, вели Спасовски.

Пред почетокот на предизборниот молк, Спасовски испрати порака и до граѓаните, да бидат партнери на македонската полиција, затоа што, потенцира, безбедноста е наша заедничка цел.

Партнерскиот однос значи и размена на информации, навремено пријавување во МВР на евентуални незаконски активности во врска со изборниот процес, нарушувања на вашето избирачко право или било каква злоупотреба на тоа уставно загарантирано право. Ние сме тука соодветно да одговориме, полицијата е подготвена да биде гарант за заштита на законитоста, редот и безбедноста, вели во апелот министерот Спасовски.

На крајот на овој изборен процес, стои во обраќањето од Спасовски, да констатираме дека сме имале беспрекорен изборен ден, дека заеднички сме придонеле за фер и демократски избори, кои ќе го подигнат меѓународниот углед на земјата за уште едно скалило погоре.

„Нека биде ова заедничка победа на демократијата и евроатлантските вредности“, повика министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.