СДСМ во реакција за изјавата на јавниот обвинител Марко Зврлевски за случајот Македонска банка го обвини Зврлевски дека бара начини да го спаси Груевски од кривични дела.
-Излезе на виделина причината за молкот на јавниот обвинител Марко Зврлевски за мега корупцискиот скандал Македонска банка, во којшто е директно инволвиран Никола Груевски.
Обвинителот кој прима плата од граѓаните на Република Македонија, бара начини како да го спаси Груевски од кривичните дела и затворската казна што следува за такви кривични дела, какви што направил Никола Груевски кога договорил продажба на банката.
СДСМ му порачува на Марко Зврлевски, наместо да се шета по балови со Сашо Мијалков, да ги прочита добро законите што точно пропишуваат кога едно дело е застарено, а кога не е.
Или според обвинителот Зврлевски, тој што го избрал може да го крши законот?
СДСМ го потсетува обвинителот Зврлевски дека непостапувањето по кривичната пријава е кршење на неговите службени и законски права и обврски, соопштува СДСМ.




