Победивме, успеавме и пуштивме порака до сите како може да се води кампања и да се победат избори со над 4.000 гласа разлика, без при тоа да се спомне опозицијата и противкандидатот, бидејќи на крајот треба и ним да им служиме, изјави вечерва Костадин Костадинов кандидатот за градоначалник на Струмица. Костадинов изјави дека води пред противкандидатот со над 4.000 гласа од преброените над 80% од гласовите и со тоа е победник на локалната трка за Струмица.
-Оваа огромна поддршка значи и огромна одговорност, значи да се биде отворен, комуникативен, од градоначалникот до последната функција во рамки на Општина Струмица. Ова е важна победа за цела Струмица и за цела Македонија, рече тој.