НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владината коалиција е стабилна, прогресивните сили ја ставаат иднината на државата пред политиканството на Мицкоски и Апасиев

0
By Mirjana on October 21, 2021 ПОЛИТИКА
Foto: Vecer Press
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Сите партнери од владината коалиција во текот на вчерашниот ден потврдија дека парламентарното мнозинство останува стабилно. Владината коалиција која е посветена на модернизација и европеизација на државата ќе продолжи по зададениот терк, наместо да влегува во дневнополитички игри и препукувања мотивирани од опозицијата. Поддршката меѓу партиите во владината е коалиција е очекувана, бидејќи оваа коалиција е составена не со цел политика и политички игри, туку делење на исти вредности, вредности за напредок на државата и интеграција во Европската Унија.
Ова беше посебно истакнато од ДУИ и БЕСА, кои на овие избори на неколку места имаа судир на нивни кандидати. Сепак и двете партии потврдија дека иднината на државата е пред борбата за градоначалници и советници, бидејќи се работи за интересот на граѓаните. Дека нема да ја напуштаат владината коалиција потврдија и од ДОМ и ЛДП, кои на локалните избори настапија надвор од коалицијата „Најдоброто“. Тие изразија задоволство од нивниот резултат на локалните избори и потврдија дека државата мора да продолжи да оди по прогресивниот и европски пат.
Потврда дека нема напуштање на владината коалиција стигна и од останатите помали партии кои ја потврдија својата заложба за прогресот, не дозволувајќи да потпаднат под влијание на опозицијата. Со ова паднаа во вода најавите на опозиционерите Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и Димитар Апасиев од Левица, кои по првиот круг на локалните избори најавија дека по завршувањето на овие избори ќе има промени во парламентарното мнозинство и промена на власта. Од друга страна, пак, премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни Бујар Османи навестија дека по изборите, наместо ново парламентарно мнозинство, може да дојде до негово окрупнување со уште неколку пратеници.
Сепак, ни двајцата не беа подготвени да кажат кои пратеници би се приклучиле кон владината коалиција. Оваа потврда за стабилноста на Владата и продолжувањето на европскиот пат, дојде во истиот ден кога Европската комисија го објави и Извештајот за напредокот на земјава, со кој уште еднаш се потврди дека Северна Македонија ги исполнува сите услови за отворање на преговорите за членство во ЕУ. Во извештајот се наведува дека земјава го задржи одлучниот тек во напредувањето во реформите и ги зголеми своите напори за испорачување на резултати.
Европската комисија исто така е задоволна  што Владата покажува јасна проевропска ориентација и што продолжува да ги исполнува критериумите и да работи на отворање на преговорите. Тие нагласуваат дека причината за незапочнувањето на преговорите е билатералниот спор со Бугарија, за што ги предупредуваат останатите земји-членки дека носи негативни последици за кредибилитетот на ЕУ.
 
владина коалиција поддршка ан сдсм .мнозинството стабилно
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.