Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прекршочни пријави за лажно повикување полиција – казни од 100 до 400 еврa

0
By НОВА ТВ on October 21, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 21, 2021 13:18

СВР Тетово информира дека ќе поднесе две прекршочни пријави за лажно пријавување на настан и барање на интервенција од полицијата. За овие прекршоци се предвидени глоби од 100 до 400 евра, а се по член 16 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, каде се вели дека ќе се казни тој што лажно повикува на помош или пријави настан со намера да предизвика излегување на служебно лице на државен орган или јавна служба.

-Секторот за внатрешни работи Тетово на Л.Н.(52) од Пробиштип која времено престојувала во Тетово и на тетовката Џ.Р.(47) им изготви соодветни поднесоци по член 16 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, затоа што во текот на овој месец двете пријавиле физички напади и побарале полициска интервенција, а потоа се предомислиле и не го потврдиле пријавеното, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според статистичките податоци на СВР Тетово, во изминатите девет месеци од оваа година на подрачјето се бележат вкупно 204 реални нарушувања на јавниот ред и мир, односно прекршоци. Во овие нарушувања биле инволвирани 279 сторители, а најголемиот број од прекршоците се целосно расчистени и заокружени со соодветни поднесоци по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

-Најмногу од прекршоците за кои се изготвени и барања за поведување на прекршочни постапки се случиле во град, најчесто со поединечно учество на сторителите, од кои во овој период дури најмногу биле мажи. Најголемиот број од сторителите се на возраст над 25 години. Меѓу евидентираните прекршоци повторно најбројни се физичките напади 82 се случиле на тетовското подрачке, потоа тепачките, дрско и непристојно однесување, исто така, навредување и омаловажување на службено лице или државен орган и така натаму, посочува Јосифоски.

Во периодот за кој станува збор, регистрирани се два прекршоци во и околу училишта и три на спортски натпревари, додека не се бележи ниту едно нарушување на јавниот ред и мир со меѓуетнички предзнак.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.