Првата дама на САД Мишел Обама изјави дека масовното киднапирање на нигериските ученички е дел од поширокиот тренд на закани и заплашувања со кој соочуваат девојки од целиот свет кои продолжуваат со образованието.
Г-ѓа Обама рече дека таа и нејзиниот сопруг Барак Обама биле “огорчени и со скршено срце” по киднапирањето на 14 април на повеќе од 200 девојки од нивното училиште.
Таа зборуваше наместо нејзиниот сопруг во неделното претседателско обраќање.
Исламистичката милитантна група Боко Харам ги изврши киднапирањата.