Откако во една собраниска комисија беше одбиено барањето за враќање на ефтината тарифа на електричната енергија, поткрепена со 150.000 потписи од граѓаните, граѓанската иницијатива АМАН размислува да превземе нова акција.
Според Зорица Димовска, претставникот на АМАН, тие ќе превземат акција за собирање на 150.000 потписи за референдумско изјаснување по овие прашања, објавува порталот Фактор.
Претставници на АМАН во понеделник се поканети да присуствуваат на пленарната собраниска седница на која ќе се расправа за нивниот предлог за враќање на ефтината дневна тарифа на струјата, нешто што пред неколку дена го одби Комисијата за економски прашања бидејќи тоа ќе ја зголемело потрошувачката на енергија и ќе ги отоварело елетраните.