Published: Sunday, May 11, 2014 15:03
Овогодинешниот победник и нов рекордер на главната маратонска трка во машка конкуренција е Емануел Самал од Кенија со време од 2 часа 14 минути и 24 секунди. Второпласиран е Јулиус Кипруто Куто од Кенија со време 02:21:46, а третото место го освои Даниел Мучуну Мванги од Кенија со време 02:30:52.
Во женска конкуренција победата ја однесе Луси Вамбуи Муриги од Кенија, остварувајќи време од 2 часа 37 минути и 45 секунди. Второто место го освои Росина Кибоино со време 02:44:03, а последното место на пиедесталот го освои Тунде Сзабо со време 02:48:20.”




