НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши првата Школа за политики при Претседателскиот центар за политичко образование

0
By НОВА ТВ on October 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Школата за политики за 2021 година при Претседателскиот центар за политичко образование вчера и денеска го одржа последниот четврт модул во соработка со партнерските организации, Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Националниот демократски институт (НДИ).

Претседателот Стево Пендаровски, како што информираат од неговата канцеларија, утре на сите учесници од првата генерација, свечено ќе им ги додели сертификатите за успешно завршување на Школата за политики.

Четвртиот модул, како што информираат од канцеларијата на претседателот Стево Пендаровски, се реализирал со учество на еминентни предавачи и обучувачи од земјата и од странство, а учесниците дебатирале на теми кои ги тангираат прашањата од областа на односи со јавноста, креирање на јавни политики, демократски алатки и стратегии за борба против дезинформациите и манипулацијата со информации, како и начините на комуникација на геополитичката сцена на трансатлантските актери.

На тема социјални медиуми и транспарентност на јавни институции, одбрана на дигиталната демократија, предизвици во сајбер-безбедноста и политички дискурс и партизација, во текот на вчерашниот ден предавања одржаа Скот Мастик, потпретседател за програми на ИРИ, Дерек Мичел, претседател на НДИ, Тоше Зафиров, заменик-генерален секретар во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Пријал Бат, програмски офицер за технички иновации во НДИ, Медлин Николоф, програмски асистент во тимот за демократија и технологија во НДИ, Крис Дотен, директор за иновации во НДИ и Мери Ендрјус експерт за политичка комуникација и поранешна асистентка на претседателот на САД, Џорџ В.Буш за глобални комуникации.

На четвртиот едукативен семинар, со кој се заокружува Школата за политики за 2021 година, денеска со свои предавања се претставија Крис Холзен, виш советник за Европа и Евроазија при ИРИ, Тибо Музергес, програмски директор за Европа при ИРИ, претседателот на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование, Александар Љ. Спасов, Миша Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас цивилис“, Моира Вилан, директор за демократија и технологија во НДИ, Брет Бароумен, виш специјалист за истражување при Центарот за глобален импакт во ИРИ и Даниел Арнаудо, советник за информатички стратегии во НДИ.

Целта на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование е да придонесе кон градење на единство преку учење, да ја промовира културата на дијалог и да влијае во реформата на образованието преку сеопфатно вклучување на политичкото образование во нашиот формален и неформален образовен систем.

Школа за политики
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

ВЕСТИ August 16, 2025

 Благодарејќи на визијата на нашите државници од деведесеттите години, кои знаеја да ја проценат сложената…

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.