НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот Пендаровски додели сертификати на учесниците на првата Школа за политики

0
By НОВА ТВ on October 24, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски денеска додели сертификати на учесниците на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование, за 2021 година.

На школата, која се реализираше преку четири едукативни семинари во периодот од март до ноември 2021 година, со учество на еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство, учествуваа 41 млади на возраст од 25 до 35 години.

Пендаровски при доделувањето на сертификатите, порача дека составот и постигнувањата на оваа прва генерација потврдува дека Школата е на вистинскиот пат да ја оствари оваа цел.

-Избрани за учесници на отворен повик врз основа на личните постигнувања и заслуги и со почитување на разновидноста на нашето општество, вие покажавте, независно од личните, социјалните, политичките и другите разлики, дека македонското општество има капацитет за демократски развој и обединување околу клучните стратешки цели на државата, рече Пендаровски, се вели во соопштението од неговиот кабинет..

Учесниците на Школата за политики имаа можност да ги унапредат своите знаења во областа на демократскиот развој на политичкиот систем, функционирањето на правната држава, европската интеграција, социоекономскиот развој и економските политики во ерата на политичка и економска глобализација, надворешно политичките стратегии и приоритети на нашата држава и во регионот, членството во НАТО и безбедносниот аспект, како и политичката комуникација во време на дигиталната трансформација, дезинформациските кампањи и лажните вести и потребата за поголема транспарентност и внатрешна демократизација на институциите на власта.

Поради пандемијата на Ковид-19, дел од обуките во рамки на Школата беа организирани онлајн, а дел со физичко присуство или во хибриден формат.

Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование се реализираше во соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт”, Фондацијата за демократија на Вестминстер, Фондацијата „Конрад Аденауер”, Националниот демократски институт за меѓународни работи, Меѓународниот републикански институт и фондацијата  „Македонија 2025“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.