Дисциплинската комисија одлучува како ќе постапи за односот каде наставник од О.У „Панајот Гиновски“ во населба Бутел удира ученик, па го крева во воздухот. За овој инцидент јавноста дозна преку видео што го снимал соученик и беше споделено на социјалните мрежи.
Случајот е пријавен во МВР, од каде што велат дека работат на расчистување на случајот.
– Извршен е разговор со лица поврзани со случајот и по насока на Јавен обвинител ќе биде доставен соодветен поднесок до надлежното обвинителство, информираат од МВР.
Според Законот за високо образование секој вработен во училиштето е должен да се грижи за најдобриот интерес на ученикот и да го почитува неговото достоинството, како и Конвенцијата за правата на детето.