Граѓаните на Европската унија треба да имаат право да „бидат заборавени“ на интернет. Европскиот суд во Луксембург донесе одлука дека управувачите со машините за пребарување како „Гугл“ на барање се обврзани да избиршат од индексот за пребарување чувствителни лични податоци, јавува Дојче Веле.
Европскиот суд во Луксембург образложи дека доколку во интернет машината за пребарување се внесе име, корисниците може да добијат опсежна слика за една личност. Резултатите од пребарувањето не се ништо друго туку резултат на една преработка на податоци поврзани за една личност. Според европското право во ваков случај се бара избалансираност меѓу интересите на корисниците и оние на погодените личности.
Пред Европскиот суд во Луксембург тужба поднесе еден Шпанец, чие име на „Гугл“ се појавувало поврзано со долгови, кои ги имал пред 15 години и принудна продажба на неговата куќа.