„Сакам уште еднаш да подвлечам дека без договор за предвремени парламентарни избори нема решение за излез од оваа криза. Доколку не се смогне доволно политички капацитет од страна на власта тој факт да се прифати“, пред новинарите секретарот на СДСМ, Андреј Петров.
„Македонија на 24-ти март ќе биде земја без здружената опозиција на локалните избори и земја во која нема да има опозициони пратеници во Парламентот“ – истакна Петров пред здрадата на Владата.
Тој додаде дека е очигледно, според она што го има партијата како податоци до денеска, денот кој власта го посочуваше како ден кога ќе има независни листи, нема кредибилни независни листи на личности од СДСМ.
„Не видовме градоначалници од СДСМ на независни листи како што власта упорно тврдеше што неминовно води само до еден заклучок. Г-дине Груевски, единствена опозиција во Македонија која има кредибилитет е здружената опозиција предводена од СДСМ и Бранко Црвенковски“, истакна на крајот Петров.
Денска протестот на опозицијата започна со три колони возила од скопските населби Аеродром, Автокоманда и Ѓорче Петров за околу 12.30 часот да заврши пред зградата на Владата на РМ.