Поглаварот на ПОА, Joван Вранишковски не беше донесен на закажаното рочиште во Апелациониот суд во Скопје од страна на Истражниот затвор „Скопје“.
Закажано е ново рочиште за 18 јули, за случајот во кој Вранишковски е обвинет за проневера на 250.000 евра црковни пари и обид за нивно перење преку купување на имот и земјиште во Скопје и во Штип на име на ПОА и нејзините припадници.
Синодот на МПЦ не донесе никаков заклучок во однос на расчинетиот владика Јован Вранишковски. Денеска во Белград ќе се одржи Светиот архиерејски сабор на СПЦ од кој се очекува одговорот на писмото на поглаварот на МПЦ во кое се бара обновување на прекинатите преговори.
СПЦ соопшти дека единствениот услов за продолжување на 12 години замрзнатите разговори меѓу Македонската православна црква – охридска архиепископија и Српската православна црква е ослободувањето на Вранишковски. Сепак, МПЦ ја испрати пораката дека на потег е Српската православна црква за решавање на отвореното црковно прашање.




