НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Важно е ЕУ да ја направи победничка проевропската опција во регионот

0
By НОВА ТВ on October 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерството кое го покажа Германија со Берлинскиот процес е важно. Некои од придобивките од процесот се опипливи, некои се повеќе политички. Мирна, стабилна и демократска иднина за регионот тоа се цели кои не можат да се постигнат поинаку освен преку европската иднина на регионот. Доколку се одземе европската перспектива од равенката остварувањето на сето ова – мирна, стабилна и демократска иднина на Западен Балкан, ќе биде доведено во прашање.

Ова го истакна заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на  обраќањето на панелот „Берлински процес – Што следи?“ во рамки на дводневниот Белградскиот безбедносен форум, на која учествуваат претставниците на Европскиот парламент и тинк-тенк секторот.

-Германија економски е многу присутна во регионот. За мојата земја таа е најголем трговски партнер, речиси половината од производството на земјата оди за германскиот пазар. Политички имаме многу добри односи со Германија. И Германија е земја-членка со многу јасно признание дека европеизацијата на овој регион е стратешки интерес за ЕУ. Тоа е многу важни и за граѓаните на Западен Балкан, бидејќи за нив процесот значи европскиот начин на живот да се донесе дома. Во спротивно, а тука сме во трка со времето, за многумина би било полесно да заминат за Германија, Италија или во други земји членки и таму да го имаат европскиот живот. Но, идејата е да го направиме регионот европски. Причината, мотивацијата за процесот, за почеток на процесот е да се дојде до опипливи резултати плус политички заложби. Признавање на важноста на регионот е се уште присутно, вели Димитров.

Во однос на проширувањето на ЕУ, тој оценува дека процесот е се уште во криза и нема многу активности, посочувајќи дека последното поглавје Србија го отвори во декември 2019, Црна Гора во јуни 2020, додека одлука за почеток на преговорите од март 2020 година со С Македонија и Албанија се уште не може да се имплементира иако е донесена со консензус.

– Значи, нема многу движење на теренот. Имавме самит кој испрати добар политички сигнал, им требаше малку време на земјите членки да се договорат, но на крајот се согласија да го вклучат зборот проширување, што сметам дека е важно. Но, анкетата на Евробаромер потврди дека не само владите туку и луѓето во регионот се прашуваат дали е реално, дека еден ден можеме навистина да станеме дел од ЕУ. Се наоѓаме сред избори, и иако не сум директно дел од тоа, многу е важно ЕУ да го направи победнички проевропскиот глас. Ако не успееме да испорачаме, бидејќи ЕУ не може да испорача на регионот, проевропските, прореформски сили ќе бидат соочени со големи предизвици. И тука сме во моментов, оценува Димитров.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.