Гостиварка Х.С. во СВР Тетово пријавила дека на автобуската станица во Тетово физички била нападната од Б.И.(19) од Тетово, со која претходно вербално се расправале околу влегување во автобус.
Вчера (27 октомври) во 20 часот и 45 минути, 46-годишната гостиварка Х.С. во СВР Тетово пријавила дека на автобуската станица во Тетово физички била нападната од Б.И.(19) од Тетово, со која претходно вербално се расправале околу влегување во автобус, информираат од СВР Тетово.
Се расчистува случајот и ќе следува поднесок против пријавената Б.И.