Ние движиме напред заедно со луѓето. Носиме многу повеќе грижа и многу повеќе ефикасност во служењето кон граѓаните. Тоа е промената која ја внесуваме и во централната, и во локалната власт и внатре во СДСМ како партија. Оваа Влада се грижи и ќе продолжи да се грижи за секој еден граѓанин, искрено и доследно, вели лидерот на СДСМ премиер Зоран Заев преку видео обраќање на својот „Фејсбук“ профил.
– Даваме помош и поддршка за луѓето. Особено за социјално загрозените, за послабите и беспомошните во општеството. Ги зголемуваме платите со досега невидено темпо од осамостојувањето на државата. Цената на струјата не мрдна цели четири години. И ќе направиме сѐ, цената да остане стабилна. Постојано насочуваме парите кај граѓаните. Од враќање ДДВ, преку фискалните, до намалување на судски такси и извршителски такси. Ги помогнавме локалните самоуправи и ги извадивме од децениски долгови, вели Заев.