Вчера наутро Итната медицинска помош во полициското одделение Шуто Оризари пријавила дека во дом во Скопје на улицата Гвадалахара има починато бебе.
– Полициски службеници од Полициското одделение излегле на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено за обдукција, наведува МВР во дневниот билтен.