Published: Thursday, May 15, 2014 14:21
На предавањето за Европската унија кое вчера се одржа на Универзитетот на Југоисточна Европа евроамбасадорот Авио Орав упати остра порака до властите во врска со евроинтегративните процеси истакнувајќи дека проблемот со името не е единствената пречка на земјава во тие процеси.
-Покрај проблемот со името, Македонија треба сериозно да работи на полето на борбата против корупцијата, судството и на слободата на медиумите, проблеми коишто земјите во регионот треба да ги решат со време, изјави евроамбасадорот Аиво Орав.




