Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК донесе посебни препораки за забрзување на процесот на гласање в недела на локалните избори

0
By Ivana on October 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 29, 2021 17:38

Државната изборна комисија (ДИК) денеска донесе препораки и мерки за избирачките одбори за забрзување на постапката за гласање на граѓаните, имајќи ги предвид искуствата од првиот круг на локалните избори. Членовите на ДИК апелираат до политичките партии и кандидатите доследно да го почитуваат Изборниот законик и изборниот молк.

Ги повикаа сите граѓани да излезат на гласање, потенцирајќи дека гласањето е тајно, гласачките ливчиња се заштитени со најсовремени технологии и не е можно на ниеден начин да бидат злоупотребени.

Членот на ДИК Борис Кондарко потенцира дека врз основа на нивните искуства и анализа на работата на избирачките одбори во првиот круг од гласањето, а во функција на забрзување на постапката на гласањето во вториот круг од изборите, ДИК до сите изборни органи достави препораки за работа на избирачките одбори в недела.

Во избирачките места каде што има запишано поголем број гласачи, каде се групирани повеќе гласачки места во еден објект за гласање или во гласачките места каде што ќе чекаат ред за гласање повеќе гласачи избирачките одбори треба да се грижат за организацијата и за редот.

– Еден член или заменик на ИО да излезе пред гласачките места, а по потреба и пред објектот за гласање за да им помага и да ги упатува гласачите до нивното гласачко место, поради полесно распоредување и намалување на редот на чекање. ИО во избирачкото место да пушта контиунирано гласачи и тоа веднаш после завршената идентификација на претходниот гласач со техничката опрема, а притоа водејќи сметка зад секој од праваните за гласање да има истовремено само по еден гласач, рече Кондарко.

Понатаму во препораките за забрзување на постапката за гласање до избирачките одбори, се наведува дека идентификацијата со отпечаток од прст во техничката опрема (фингерпринт), ИО да ја врши со по една проверка од секој показалец (десен па лев), а потоа доколку не најде совпаѓање, веднаш да се продолжи со пронаоѓање (идентификација) на гласачот преку МРЗ – читачот на техничката опрема или преку внес на ЕМБГ.

-Истовремено додека трае идентификацијата во техничката опрема, членот на избирачките одбори кој ракува од изводот од избирачкиот список, треба да го пронајде гласачот и да го припреми изводот од избирачкиот список, треба да го пронајде гласачот и да го припреми изводот од ИС за ставање потпис или отпечаток. За побрзо или полесно пронаоѓање на гласачите во изводот од ИС, избирачкиот одбор може да стави бележници за означување (стикери) на листовите за секоја почетна буква од презимињата на гласачите, истакна Кондарко презентирајќи ги препораките.

Тој исто така кажа дека доколку има гужва на некои избирачките места, членовите на избирачките одбори не треба да губат време за принтање на статистчки извештаи за излезноста, туку тоа да го направат по телефонски пат до општинската изборна комисија.

Кондарко во име на ДИК ги повика и им укажа на сите членови на општинските изборни комисии и избирачките одбори да ги почитуваат сите препораки во својата работа при спроведувањето на избирачки дејствија, да се однесуваат одговорно и професионално без оглед на тоа дали се од составот на администрацијата или се од составот на партиите.

-Сите со еднаков статус како изборни органи да го почитуваат законот, да ги почитуваат упатствата и актите на ДИК, како и насоките добиени на обуките, а се со цел да имаме регуларен изборен процес што е од заеднички интерес, рече Кондарко.

Претходно на истата седница беа акредитирани уште повеќе од 300 набљудувчи за вториот круг од локалните избори во недела.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.