НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започна молкот – гласаат болните, затворениците и лицата во изолација

0
By Ivana on October 30, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изборната кампања за седмите локални избори во земјава заврши. На 30 октомври на сила стапува молкот, кога паузираат активностите на политичките партии и кандидатите за градоначалници, а и медиумите имаат забрана и се воздржуваат од пренесување на партиско-политички ставови. Правилата за изборниот молк траат до 19.00 часот на 31-ти октомври, односно до затворање на гласачките места.

Ден пред одржувањето на вториот круг за локалните избори, гласаат лицата во изолација, болните и немоќни лица, како и притворениците и затворениците.

Денешното гласањето на болните и немоќните ќе го спроведуваат избирачките одбори, додека за гласањето на лицата со ковид-19 и во изолација се формирани посебни избирачки одбори составени од медицински лица.

Утре, пак, во 7 часот почнува гласањето на избирачките места, кое ќе трае до 19 часот.

Во вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи в недела ќе се гласа во вкупно 44 општини, а право на глас имаат 1 353 990 избирачи на 2481 избирачко место. Гласање за градоначалник ќе нема во Маврово-Ростуше и Центар Жупа, бидејќи не беше исполнет законскиот цензус на гласање во првиот круг од изборите, односно да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во избирачкиот список. За овие две општини ДИК ќе ја извести Владата, а потоа во Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе се организира повторување на гласањето за градоначалник согласно Законот за локална самоуправа.

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат да ги претставуваат учесниците во изборната кампања. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитување на било какви информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со, или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.