Видео снимки од изборниот поткуп на жители од населбата Геге во скопската општина Ѓорче Петров, објавија дел од медиумите. На снимките се гледа како во двор од куќа, група жители од населбата, носат лични карти, и се прават копии од нивните лични документи, им биле давани пари и им кажувале за кого утре треба да гласаат.
Полицијата денеска информираше дека од оваа населба уапсени се две лица осомничени за изборен поткуп.
,,На лицата на кои им давале пари за глас им земале копии од лични карти, а при приведувањето кај нив се најдени пари и други предмети“ се вели во соопштението на МВР. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.” – информираа од МВР.