Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицевски: Ја чекаме оставката на Заев, ќе се обидеме да направиме ново парламентарно мнозинство

0
By НОВА ТВ on November 1, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 1, 2021 12:24

Оставката на премиерот Заев од претседател на Владата и од лидер на СДСМ се уште е фејсбук оставка, се уште не е испратена до институцијата каде што треба да биде доставена, а тоа е Собранието на Република Македонија, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Никола Мицевски.

Додаде дека во зависност од писмото што ќе биде добиено ќе се знаат и процедурите, односно она што ќе треба да се прави како наредни чекори во Собранието. Посочи дека согласно Уставот имало постапки каде претседателот на Републиката по доставувањето на оставката, таа се констатира во Собранието и претседателот на Републиката е должен во рок од 10 дена да ја достави на мандатар кој ќе приложи мнозинство од 61 пратеник, па потоа мандатарот има 20 дена за одлучување, односно за составување на новата влада. Тоа, како што рече, ќе се види откако ќе биде доставена оставката.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицевски рече дека е многу сериозна состојбата во државата и сега не е време за славење зашто државата се наоѓа пред сериозни предизвици, како енергетска и економска криза, нов бран на ковид пандемија…

-Состојбата е многу сериозна во државата. И ние ќе се обидеме да направиме ново парламентарно мнозинство имајќи ги предвид сите предизвици пред коишто се соочува државата и граѓаните во нашава држава. Но, доколку не успееме во сите тие напори најдобро би било да има нови предвремени парламентарни избори бидејќи оваа Влада, ова мнозинство го изгубија политичкиот легитимитет и народот ја испорача фактурата која што требаше да ја испорача, рече Мицевски.

Според него, потребни се сериозни анализи, сериозни симулации на состојбата, разговори со сите политички чинители за да може, како што рече, да излезат со одреден став за она што ќе се случува во наредниот период.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.