Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две лица осомничени за даночно затајување

0
By НОВА ТВ on November 3, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 3, 2021 12:31

Во периодот од 2018 и 2019 година, првиот осомничен на возраст од 49 години, во својство на сопственик, управител и овластен потписник на сметките на правно лице од Студеничани заеднички и по претходен договор со вториот осомничен 32-годишен сопственик и управител на три правни лица од Скопје дале лажни податоци за факти од влијание за утврдување на износот на обврските за данок на добивка и за персонален данок на доход, со што избегнале да платат обврски во вкупен износ 25.645.627 денари, информираат од Јавното обвинителство.

Со детална финансиска истрага, спроведена од Управата за финансиска полиција по наредба на јавниот обвинител, било утврдено дека вториот осомничен издавал фиктивни фактури за наводна продажба на отпадно железо, кои првиот осомничен ги прикажувал како фиктивен промет во книговодствената евиденција на своето правно лице. За уплатените средства по овој основ, кои веднаш ги подигал од сметките, вториот осомничен не пријавил и не платил персонален данок на доход, додека кај првиот осомничен тие средства биле прикажани како трошок за кој била намалена даночната основа за пресметување на данокот на добивка.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело – Даночно затајување од член 279 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 и член 45 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за двајцата осомничени – обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање. Освен ова, јавниот обвинител достави до Судот и Барање за привремено одземање на имот или предмети заради обезбедување од едно од правните лица, со оглед на тоа што наведените недвижности и подвижни предмети се стекнати во временски период кој кореспондира со времето на извршување на кривичното дело за кое се води истрагата.​​

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.