НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Совет на амбасадори: Политичките партии да го стават фокусот на зајакнување на институциите, а не на организирање чести избори

0
By НОВА ТВ on November 3, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ со големо внимание ги следеше надворешно-политичките настани како и тие на внатрешен политички план кои директно или индиректно влијаат врз внатрешните политички прилики и евроинтеграциите.

Совет на амбасадори ја поздравува поддршката на европската перспектива на земјите на Западен Балкан како споделен стратешки избор изразена во завршната декларација на Самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан на 6 октомври минатиот месец.

Советот го изразува своето жалење што и за времето на овој европски самит, и покрај многу пати потврдените заложби за проширување на Унијата, лидерите на земјите членки не смогнаа сили да одредуваат и конкретен датум за оддржување на првата меѓувладина конференција ЕУ-Република Северна Македонија и Албанија и покрај многу пати повторената констатација дека двете земји ги исполнуваат критериумите за почеток на преговорите.

 

Советот посебно го поздравува претставениот економски-инвестициски план (EIP) на ЕУ и насоките за спроведување на Зелената агенда на Западен Балкан кој предвидува инвестицијски пакет од 30 милијарди евра за регионот за наредните седум години кој знатно ќе придонесе за економски развој за целиот регион.

 

Совет на Амбасадори високо ги ценaт напорите на Антони Блинкен, државен секретар на САД и Жозеп Борел Висок претставник за надворешната политика на ЕУ за изнаоѓање на брзо решение во спорот со Бугарија во полза на поспешување на интегративниот пат на Република Северна Македонија и Република и Албанија кон Европската Унија.

Совет на амбасадори ги повикуваат бугарските лидери да бидат пофлексибилни и по пријателски настроени кон земјите на Западен Балкан во процесот на проширувањето на Унијата, наместо да непотребно го блокираат процесот.

Совет на амбасадори го поздравува успешниот завршеток на локалните избори во земјава како испит на голема зрелост на демократија.

Советот ги повикува политичките партии на власта и опозицијата преку нивната работа во органите на владата и Собранието сестрано да се ангажираат во реализирање на предвидените реформи во сите области на живеењето со цел побрза интеграција на земјата во Унијата.

Советот смета дека политичките партии наместо нивниот фокус да го ставаат во организирањето на чести предвремени избори (со што ја слабнат економијата) нивниот фокус да биде во зголемување на ефикасноста на работата на Собранието и зајакнување на институциите на државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.