НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВО ЖИВО) Димитров на заедничка прес конференција со претседателот Вучиќ и премиерот Рама

0
By НОВА ТВ on November 4, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утрово во Белград, како претставник на Владата на Северна Македонија, заменик претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров заедно со премиерот на Албанија Еди Рама, беа пречекани од претседателот на Србија Александар Вучиќ којшто е домаќин на работниот состанок во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

Агендата за работниот состанок во Белград започна со средба со претставници на компании од трите земји учеснички во иницијативата „Отворен Балкан“, при што беа разменети идеи и ставови за олеснување на трговијата помеѓу Северна Македонија, Србија и Албанија преку конкретни чекори за градење на заеднички регионален пазар заснован на слобода на стоки, на работна сила, на услуги и на капитал, информираат од Секретаријатот.

-Оваа иницијатива ја изразува длабоката посветеност за унапредување на развојот на нашите земји и директни придобивки за граѓаните. Постои силна и јасна политичка волја, а од нашава средба денес очигледно е дека постои и прифаќање на оваа иницијатива од стопанските комори. Следните чекори треба да бидат насочени кон интензивирање на јавната дискусија за „Отворен Балкан“ и конкретизирање на оваа доверба на ниво на надлежните институции и испорачување на опипливи резултати во утврдена временска рамка, изјави Димитров.

Дискусијата резултирала со усвојување на заклучоци за преземање на конкретни мерки и активности во насока на реализирање на поставените цели односно операционализирање на слободното движење на луѓето, преку меѓусебно признавање на компетенциите и работните дозволи, укинување на граничните контроли за слободно движење на стоки, дигитална трансформација, зајакнување на енергетските капацитети, заемно справување со несреќи и природни катастрофи, проширување на туристичките понуди и бенефиции во регионот.

-За таа цел, предложено е да се формира независно тело за мониторинг кое што јавно ќе известува за имплементирањето на обврските од иницијативата „Отворен Балкан“ и ќе ги следи ставовите на граѓаните за искористувањето на придобивките, заклучуваат од СЕП.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.