За да се случи нешто спектакуларно треба опозицијата да има мнозинство и не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да најавува да направи ново мнозинство и тоа не може да се случи додека власта има стабилно мнозинство, без оглед на резултатите на локалните избори, не само СДСМ туку и коалиционите партнери потврдија дека има стабилно мнозинство, рече пратеничката од редовите на СДСМ и претседател на законодавно-правната комисија и член на комисијата за правен систем, Снежана Калевска Ванчева во гостувањето на „Утински брифинг“.
-Ако имаше Мицкоски веќе обезбедено мнозинство во парламентот не би барал предвремени парламентарни избори, штом премиерот најави оставка, со обезбедено мнозинство согласно уставот претседателот ќе го додели мандатот на тој што има мнозинство, затоа такво мнозинство нема и затоа Мицковски бара брзи предвремени парламентарни избори, а и за нив има рокови, рече таа.
Според Калевска-Ванчева поради соработката со надворешниот фактор, како што е таа со парламентот на Шведска и Франција, за пример е и европратеник од Холандија и нивниот став е дека на оваа држава не и требаат нови избори, бидејќи ова беа само локални избори.