НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Република Северна Македонија ја честита 75 годишнината од основањето на Унеско со видео честитка

0
By Mirjana on November 4, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Република Северна Македонија со честитка се вклучи во одбележувањето на 75-годишнината од основањето на УНЕСКО. Пораките што секоја земја ги испраќа во светот, а кои од денеска се шират преку мрежата на светската организација, Северна Македонија ги прати во видеозапис со културните и природните богатства и со учество на „Саунд чалгија систем“.

Со оваа порака, Северна Македонија се вклучува во виртуелната прослава на јубилејот на УНЕСКО:

„Република Северна Македонија е членка на УНЕСКО од 1993 г., но како дел од поранешна Југославија, ние сме членка на ова светско семејство речиси колку нејзиниот јубилеј.

УНЕСКО за нас значи признавање на културните и природните добра што ги имаме во изобилство, како и промоција во светот. УНЕСКО пред 42 години на својата престижна листа го впиша Охридскиот Регион како светско природно и културно наследство со универзална вредност. Ние сме горди на тој чин и на сето внимание што со децении го добиваме од УНЕСКО, не само за овој бисер на Балканот.

Во светот, УНЕСКО има поголема и суштинска улога, а тоа е хуманоста и солидарноста на целата планета.

УНЕСКО се грижи за културните и за природните добра, за образованието,  за основните човекови права во земји каде што од политички или економски причини, тие права се на последното место.

Едноставно, УНЕСКО е засолниште на сė што е вредно, а може да биде уништено.

Со фрагменти од најубавите слики и звуци кои се наше, но и светско богатство, му го честитаме 75-тиот  роденден на УНЕСКО. Среќа што постои, особено во времето што претстои“.

Уставот на УНЕСКО беше усвоен и потпишан на 16 ноември 1945 година во Лондон и стапи на сила на 4 ноември 1946 година во Париз.

УНЕСКО од организација на Обединетите нации со 41 држава членка во 1945 год., прерасна во организација со 193 држави членки и 11 придружни членки во 2021 година.

Денес таа е одговорна за донесувањето на најважните светски инструменти за воспоставување   стандарди, вклучувајќи ја и Конвенцијата за светско наследство од 1972 год., предводник на многу иницијативи и водечки реализатор на главните програми на ОН во културата, образованието, науката и информациите.

 

 

 

унеско одбележува 75 години
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.