Како последица на лошите резултати на локалните избори, Претседателот и воедно член на Надзорниот одбор на СДСМ, Горан Сугарески поднесе оставка од неговата функција.
-Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ, напиша Сугарески на својот Фејсбук профил.
-Извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија. Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки, додава Сугарески.