НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Родителите се за онлај настава, од МОН децидни-наставата продолжува со физичко присуство

0
By Ivana on November 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со доаѓањето на зимата, расте стравот и загриженоста на родителите како да се спречи ширењето на коронавирусот во училиштата. Тие бараат наставата да продолжи да се одвива онлајн за учениците, бидејќи како што велат, постојано расте бројот на заболени од вирусот. 

– Училиштата константно имаат ученици заболени од корона вирусот. Освен тоа, училиштата немаат средства за хигиена, па самите родители сме приморени да купуваме, вели родител кој сакаше да остане анонимен.

Од фејсбук иницијативата “Поддршка за онлајн настава” се обратија и до министерката Царовска, министерот Филипче како и до Комисијата за заразни болести.

– Голем дел од децата и наставниот кадар се заразени од оваа непредвидлива и смртоносна болест. Многу забоелни. Наставниците се очајни,исплашени да не бидат избркани од работа, а тие се ставени исто во голем ризик, вели Ана Глигорова од иницијативата.

Нова ТВ го исконтактира Министерството за образование и наука, од каде што велат дека наставата во основните и средните училишта и во наредниот период продолжува да се одвива со физичко присуство.

– Тоа е од највисок интерес за учениците и едно од најпосакуваните сценарија. Состојбата со Ковид-19 е стабилна. Министерството за здравство и МОН продолжуваат на дневно ниво ја следат состојбата и да прават проценка. Препораките за промена на моделот на настава ги дава Комисијата за заразни болести, информираат од ресорното министерство.

Анализата на Министерството за здравство покажува дека е голем бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид- 19.

– Во период од 06.08 до 04.11.2021 на територија на државата 48.955 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 28% биле целосно вакцинирани, односно 13.886 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе два месеци, 35.069, граѓани, односно 72% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 78%, додека само 22% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани, велат од министерството.

Здравствените работници апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита со цел да се спречи ширењето на вирусот. Велат, особено треба да се внимава во текот на зимските месеци, кога поради ладното, граѓаните се повеќе се групираат во затворени простории.

Тие предупредуваат да се избегнуваат масовни собирања на затворено, но и да не се заборава на задолжителното носење маски и миење на рацете.

Доколку за месец и половина граѓаните не се корегираат во своето однесување, според прогнозата на здравствените работници, во февруари не очекува нов бран на Ковид-19.

И.Р.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.