Постелнина, облека, пијалоци, конзервирани производи и други артикли се собираат и денеска во Струмица за населението во Србија и Босна, кои се најзагрозени од големите поплави што ги зафати.
„Над 500 лица донираа овие два дена, очекуваме уште поголема бројка и до крајот на денешниот ден. Одзивот е на големо ниво во овие два дена, луѓето донираат се што е најнеопходно во такви ситуации,покрај физички лица имаме и приватни фирми кои несебично донираа“, вели Кристина Иванова, член на кризниот штаб на општина Струмица.
Во собирниот пункт во Домот на Армијата во Струмица уште од утринските часови пристигнуваа хумани граѓани, кои несебично придонесуваат за за луѓето во настраданите подрачја.
„Донирав постелнина за луѓето кои се погодени од страшната трагедија, лично соочувствувам со нив. Иако е можеби мал придонесот но сите ако помогнат за нив ќе биде од голема помош. НА Струмичани ќе им порачам максимално да се јават на ова акција и колку што можат да учествуват во оваа акција“, вели Снежана Тасева.
„Ние дониравме детска облека, средства за хигиена и се надеваме дека на некој ќе помогне и дека ќе стигне навреме и во вистински раце, изјави за НОВА, Милица Дрвошанова.
„Како и сите хумани граѓани донирав детска облека, се наадевам дека во овие кризни моменти за нашите соседи ќе биде од голема помош. Со тоа сакам да ја покажам мојата хуманост. Струмичани се хуман народ и им порачувам и денеска да донираат во што поголем број“, рече Славица Петрова.
Од општина Струмица како организатори на акцијата истакнаа дека голем број на граѓани пружија голема помош за настраданите од поплавите и се заблогодарија до сите граѓани и правни лица.
„Помошта се состои од храна, облека, постелнина, средства за лична хигиена и конзервирани производи. Од утре оваа помош преку општинскиот Црвен крст ќе биде доставена до овие граѓани на кои што им е неопходна помошта. Акцијата ќе продолжи во рамките на црвениот крст и сите граѓани кои не успеале да донираат во овој собирен пункт можат тоа да го сторат и наредните денови, рече Кирил Парталов, секретар на општина Струмица.
Од Црвениот крст на Струмица, се заблогодарија на сите граѓани кои несебично даваат дел од себе да помогнат на унесреќеното население во поплавените подрачја. Од таму велат дека граѓаните од струммичкиот регион ја покажале својата хуманост.
„Се донира облека, обувки, постелнина, средства за хигиена, прехрамбени артикли. Собраната помош која се донира во Црвен крст Струмица, како и преку акциите на локалните самоуправи во нашиот регион, ќе биде доставена до Црвен крст на РМ во Скопје, каде организирано, во соработка со Националните друштва на Црвен крст во Србија и Босна и Херцеговина, ќе биде доставено до загрозените лица. Во овој момент најпотребни се средства за лична хигиена (сапуни, шампони, влошки, пелени, влажни марамчиња), прехрамбени артикли од траен карактер (конзервирана храна, тестенини, брашно, зејтин и слично), храна за бебиња, ќебиња“, велат од Црвен крст во Струмица.
Тие истакнаа дека акцијата трае се до крајот на месецот и дека може да се донираат и парични средства на дадените телефонските броеви од сите оператори.