Блерим Сејдиу од Движењето Беса е новиот градоначалник на Општина Желино. Управниот суд на денешната седница ја прифати тужбата на Движењето Беса, со која го потврди прелиминарниот резултат на локалните избори во Желино, каде победи кандидатот на Беса, Сејдиу. Од Беса ја оспорија одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на избирачкото место 2107 во Желино.
Сејди од БЕСА освои 5.171 гласа на локалните избори, а тоа е за 69 гласа повеќе од Фатмир Изаири од ДУИ кој освои 5.102 гласа.