НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДЗР: Медиумите кои учествувале во покривање на изборите да поднесат Извештај за рекламниот простор до 13 ноември

0
By Ivana on November 9, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (електронските портали) во Република Северна Македонија кои имаат земено учество во медиумското покривање во вториот круг на изборниот процес за Локални изборите 2021 година дека се должни до 13 ноември 2021 година да поднесат Извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа согласно одредбите од член 85-а од Изборниот законик, извести Државниот завод за ревизија.

Од ДЗР информираат дека образецот за извештајот е пропишан со Правилникот за образецот на извештајот за рекламен простор искористен од секој од организаторите на изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по тој основ и е објавен на официјалната веб страна на Државниот завод за ревизија www.dzr.mk, во табот Локални избори 2021, во подтаб законски акти.

Извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа потребно е да се достави до архивата на Државниот завод за ревизија на адреса: ул. „Павел Шатев“ бр. 2, Палата „Емануел Чучков“ Скопје, или по електронски пат на службената електронска адреса на ДЗР односно dzr@dzr.gov.mk испратен од емаил адресата на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (електронските портали) впишани во Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) донесен од Државната изборна комисија.

Државниот завод за ревизија, за таа цел, информира дека на ден 13 ноември ќе обезбеди редовно работење на Архивата за прием на извештаите заклучно со 24:00 часот, а истовремено ќе овозможи и електронски прием на истите на службената адреса на ДЗРdzr@dzr.gov.mk.

Согласно одредбите од член 189-а став 1 од наведениот закон, од ДЗР посочуваат дека пропишана е Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност која ќе им се изрече за прекршок на радиодифузерот или печатениот медиум кој нема да поднесе извештај за рекламниот простор искористен од секој учесник во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа, најдоцна 15 дена по денот на завршувањето на изборната кампања, како и глоба во износ од 500 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорниот уредник.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.