НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина бизнисменот Кирил Самарџиски, претседателот на СКМ Азески упати телеграма со сочувство

0
By НОВА ТВ on November 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, упати телеграма со сочувство до семејството Самарџиоски по повод смртта на Кирил Самарџиоски, еден од најдолгогодишните соработници и активни членови во највисоките органи и тела на Стопанската комора на Северна Македонија. Претседателот Азески, истакна дека Стопанската комора на Северна Македонија е горда што во својата постава имала човек кој со својата работа и искуство, низ годините значително придонел за раст и развој на економијата и бизнис секторот во државата.

Кирил Самарџиоски, беше реномиран бизнисмен, кој  својот 45 годишен работен век во пиварската индустрија го започнува во далечната 1967 година. Во своето долгогодишно работно искуство остави зад себе низа успеси и постави основ врз кој  „Прилепска Пиварница“ се изгради во светски реномирана и насекаде препознаена компанија. За своите заслуги и залагања, во 2014 година станува добитник на Третоноемвриската награда за животно дело.

„Прилепска Пиварница“ се изгради во светски реномирана и насекаде препознаена компанија. За своите заслуги и залагања, во 2014 година станува добитник на Третоноемвриската награда за животно дело. Во 2016 година, во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија беше одржана и промоција на монографијата „Сеќавања“ за Прилепска пиварница.

Поттикнат од самите почетоци на работењето на компанијата, г-дин Самарџиоски со многу факти, податоци, информации корисни за самата фабрика, но и за економијата на нашата земја, даде осврт преку текст и слики преточени во книга, пишувана неколку години, од срце инспирирана од првиот ден на почетокот на неговата работа, преку предизвиците со кои компанијата се соочила низ времето и достигнувањата и позицијата на компанијата во која се наоѓа сега.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.