НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН: Градиме систем кој ќе обезбеди континуитет во вложувањето во науката

0
By Ivana on November 10, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод  Меѓународниот ден на науката – 10 Ноември, Министерството за образование и наука соопшти дека гради систем кој ќе обезбеди континуитет во вложувањето во науката и дека државата презема конкретни чекори и посветува огромно внимание на развојот на науката, истражувањето и иновациите како клучни носители на севкупниот општествено-економски напредок и еден од основните услови за интеграција во Европската Унија.

– Во таа насока е и зголемувањето на процентот од БДП што се одвојува за науката и во континуитет се зголемува секоја година. Ако во 2018 година беа одвоени 252 милиони денари за наука, во 2019 – 295 милиони денари, во 2020 – 300 милиони денари, во 2021 година во буџетот имаме над 400 милиони денари, наведува МОН.

Министерството посочува дека работи на целосна промена на начинот на финансирање на научно-истражувачката дејност преку воведување програмско и планско финансирање и продолжување на грантовото финасирање.

– Од минатата година првпат Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за образование и наука преку грантовското финансирање додели 34 иновациски ваучери со вкупна вредност од 15 милиони денари коишто треба да го поттикнат развојот на науката во земјата. Очекувањата се во 2022 година да се воведе и програмско финансирање кое ќе се спроведува во континуитет. Од оваа година по цела деценија е вратена поддршката којашто нуди нови можности за научно-истражувачките работници, во висина од вкупно 17,3 милиони денари наменети за истражувачки цели и развој на лабораториски ресурси на научните и високообразовните установи, информира МОН.

Другиот повик е за финансирање на реализацијата на научно-истражувачки проекти на јавните научни установи. Тие ќе добиваат до 3 милиони денари по проект. И оваа финансиска поддршка, посочува Министерството, се воведува повторно по 10-ина години, со што им се излегува во пресрет на потребите и барањата на јавните научни установи.

– Во оваа насока, годинава со одлука на Владата, а преку буџетот на МОН се обезбедени и средства во висина од 6 милиони денари наменети за реагенси и потрошен лабораториски материјал за потребите на Институтот за имунобиологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет при УКИМ за спроведување на проект врзан за анализа на имуногенетски профил на пациенти заболени од Ковид-19. Како поддршка за создавање кадар кој би се занимавал со наука и истражување, во новата академска година, првпат воведовме и стипендии за трет циклус на студии за одредени дефицитарни струки. Доделуваме 15 стипендии од по 18.000 денари за 12 месеци во годината, а ги вративме по цела една деценија и стипендиите за постдипломски студии во државата и доделуваме 50 стипендии од по 9.000 денари за девет месеци во годината, за области каде постои дефицит на кадар, наведува МОН во соопштението.

Министерство за образование и наука напомнува и дека државата стана дел од големата меѓународна програма за наука Хоризонт Eвропа, која е продолжение на Хоризонт 2020 и нагласува дека таа отвора многу можности за развој на науката преку вмрежување, реализација на заеднички меѓународни проекти и слично.

Формиран е и Национален совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, кој како самостоен стручен орган, посочува МОН, ќе работи на обезбедување, оценување, развој и унапредување на квалитетот во високото образование и научно-истражувачката дејност во државата и нивно целосно ставање во служба на општеството и неговиот развој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.