НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За четири години реконструирани 62 објекти на МВР

0
By Ivana on November 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Раководството на МВР продолжува со несмален интензитет да реконструира објекти на полицијата на територијата на целата држава, со цел подобрување на условите за работа на полициските службеници, што претставува дополнителна мотивација за вработените успешно  и навремено да ги извршуваат работните задачи и да испорачуваат резултати, а граѓаните да добиваат навремени и квалитетни услуги, соопшти  МВР.

Денеска беше промовирана мапа на реконструирани објекти на МВР низ државата, при што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека за само неколку години, од 2017 година до 2021 година, целосно завршени се 62 објекти на МВР на територијата на целата држава.

– Од ноември 2020 година до денеска продолживме со нов двоцифрен број на објекти, односно во тој период вкупно се реконструирани 13 објекти, а во моментот се работи на нови 11 објекти, и тоа: ПС Карпош, ПС Гази Баба, Одделот за заштита на определени личности и објекти, ОВР Крушево, ОВР Прилеп, ОВР Радовиш, Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, ОВР Свети Николе, ОВР Пробиштип, ОВР Делчево, ОВР Берово, потенцираше министерот Спасовски.

Во периодот од ноември 2020 до ноември 2021 завршена е реконструкцијата на 13 објекти, и тоа Управни служби во ОВР Кавадарци, ПС Крива Паланка, ПС Гевгелија, ПС Ростуше, Војнички клуб „Илинден“, ПС Ресен, ПО Дојран, ПС Старо Нагоричане, ПС Ранковце, ПС Чашка, СВР Куманово, ПО Македонска Каменица, ПО Кривогаштани.

– Актуелното раководство на МВР преку континуирани реформи создава полиција – сервис на граѓаните, со подобрување на материјално-техничките услови за работа во МВР, со зајакнување на капацитетите на полицијата, со набавка на нови униформи и опрема за специјалните и другите полициски единици, со нови возила, со исплата на бонус плати за прекувремена работа. За овие неколку години, како ниту едно раководство претходно,  инвестираше многу во капацитетите на МВР, велат од МВР.

– Се вложуваше во нова генерација на комплетно опремени и задоволни полициски службеници, во изградба на силна институција, која ќе го гарантира редот, безбедноста и владеењето на законите, како и етаблирање на полицијата како гарант за заштита на законитоста и квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани. Сето ова резултираше со рангирање на нашата држава како најбезбедна држава на Западен Балкан, која за неколку години од 71. место се искачи на 40.место, додаваат од МВР.

Вложувањето во македонската полиција, истакнуваат, ќе продолжи со несмален интензитет, со цел  имплементација на европските стандарди и зајакнување на капацитетите на полицијата во интерес на граѓаните и нивната безбедност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.