Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Земјава бележи зголемување на забoлени од ковид 19

0
By Ivana on November 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 10, 2021 12:11

Во врска со епидемиолошката состојба,  земјава бележи зголемување на заболени од ковид 19 во последните две недели. Бројот е зголемен за 25 проценти, за разлика од претходниот период. Во однос на инциденцата последните 2 недели, таа е зголемена за 28,5 во вкупно 35 градови, а во други 7 е непроменета или има одредено намалување.

– Ваквиот раст е очекуван, силе удар има и кон болниците исто како и во регионот. Во однос на хоспитализацијата, исто така е забележан раст за 15 проценти. Сега се хоспитализирани 518 пациенти после долг период на територијата на цела држава, а добро е што нема голем притиок и нагол пораст на пациенти, истакна Филипче.

Причините за ова, како што рече, може да се бараат во неколку фактори, прво поголемиот број на помлади лица коишто се и лица заболени, но се вакцинирани, што значи дека имаат полесна форма на болеста и нема потреба за хоспитализација.

Според него, важно е што процентот на хоспитализирани во споредба со претходните бранови е намален. Сега е 6,4 проценти од 8000 активни случаи.

– До крајот на оваа недела ќе заврши постапката за секвенционирање на вирусот за да видиме со каква мутација вирусот сега е доминантен, додаде министерот.

Во однос на вакцинацијата, како што рече, до сега се аплицирани над 1,6 милиони дози вакцини на територијата на цела држава. Прва доза на вакцини примиле 810 илјади граѓани, околу 8000 граѓани се вакцинирани во странство, а ревакцинирани над 780 илјади граѓани. Трета доза на вакцина примиле над 46 илјади граѓани и околу 5000 деца на возраст од 12 до 18 години примиле вакцина.

– Во однос на процентуалниот опфат 57 проценти од граѓаните над 40 години примиле барем една доза на вакцина, 48 проценти од популацијата над 18 години барем една вакцина, 46 проценти се и ревакцинирани, а 13 проценти од вакцинираните се над 60 годишна возраст примиле трета доза на вакцина, рече Филипче.

Тој додаде дека во делот на вакцинацијата има стагнација и апелираше до граѓаните дека мора да се свесни дека ова е единствениот начин да се излезе од оваа криза, единствениот ефикасен метод за заштита од вирусот. Вакцини има сосем доволно, а ќе има и во периодот кој следи и за редовна вакцинација и за трета доза.

Според министерот, кај малолетна популација во земјава регистрирани се вкупно 1068 случаи на Ковид.  Во Институтот за белодробни заболувања во Козле се лекуваат 23 деца и ниту едно од нив не е во критична состојба.

– Скринингот е завршен во најголемиот број од училиштата, тестирани се над 5 000 ученици, 15 биле позитивни на вирусот. Очигледно е дека таму кадешто се почитуваат протоколите нема никакви проблеми, рече Филипче.

И.Р.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.