Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заменик министерот за одбрана Хасани, на состанок на иницијативата САД-Јадранска Повелба

0
By НОВА ТВ on November 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 10, 2021 17:35

Заменик министерот за одбрана Башким Хасани, заедно со министри и шефови на делегации од земјите членки на иницијативата САД-Јадранската Повелба (А-5), Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија и Соединетите Американски Држави и делегации од земјите набљудувачи: Косово, Словенија и Србија, учествува на редовниот состанок на А-5 иницијативата која се одржува во Сплит, Република Хрватска.

На состанокот, како што соопшти Министерството за одбрана, заменик министерот Хасани истакна дека е потребно да се продолжи по патот на регионалната соработка, како начин за меѓународна безбедност и стабилност. Тој додаде дека активностите во рамките на иницијативата како што се заедничките вежби и обуки, изградбата на заеднички механизми и алатки за спречување и справување со безбедносни предизвици и закани како што се, сајбер нападите, хибридното војување, справувањето со дезинформации и климатски промени ќе придонесат во градењето на отпорност во нашите општества.

Хасани нагласи дека оваа иницијатива претставува одличен инструмент за успешни евроатлантски интеграции, а нашето членство во НАТО и соработката со партнерите од регионот дополнително придонесе за зајакнување на одбранбените капацитети на нашите општества. Тој потенцираше дека Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати за сите земји аспиранти кои споделуваат евроатлантските вредности и ја потврди поддршката на Северна Македонија за евроатланските аспирации на Косово.

На маргините на состанокот заменик министерот Хасани оствари билатерална средба со министерот за одбрана на Република Косово, Арменд Мехај.

За време на состанокот се дискутираше за тековните безбедносни предизвици како поттик за унапредување на одбранбената соработка, понатамошната меѓусебна соработка во пост COVID-19 пандемијата и справување со хибридните закани и се разговараше за можностите за идно заедничко учество во меѓународни мисии и операции предводени од НАТО, промоција на политиката на отворени врати, како и за иднината на eвроатлантската интеграција на земјите од Западен Балкан.

Иницијативата САД-Јадранска Повелба е воспоставена со потпишувањето на Повелбата за партнерство помеѓу САД, Албанија, Хрватска и Македонија во Тирана во 2003 година. Во 2009 година кон иницијативата се приклучија Црна Гора и Босна и Херцеговина со што иницијативата го добива форматот А-5.

Целта на иницијатива е заеднички и координирани активности за што побрзо исполнување на критериумите и стандардите на НАТО, унапредување на соработката во ЈИЕ и развој на настани насочени кон градење мир, демократија, стабилност и просперитет во Регионот. Активностите во иницијативата се насочени кон зајакнување на меѓусебната соработка, унапредување на одбранбените способности и капацитети, заедничко учество на вежби и обуки, НАТО операции и мисии, соработка меѓу регионалните центри за обука, како и промоција на политиката на отворени врати во А-5 за земјите набљудувачи и другите земји од регионот кои се со евроатланска ориентација и имаат за цел членство во НАТО Алијансата, соопшти МО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.