НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руте: Мора да го решиме проблемот со Бугарија

0
By НОВА ТВ on November 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Холандскиот премиер Марк Руте, кој е во прва официјална посета на Северна Македонија, смета дека земјава заслужува да ги почне преговорите со Европската унија и се надева дека ЕУ ќе биде поактивна во обидите да помогне во решавање на проблемот со Бугарија.

– Холандија беше една од земјите кои долго беа против преговори со ЕУ, но многу напредок беше направен во изминатите неколку години и лично сакав да ја пренесам пораката дека сме многу среќни што на крај ЕУ одлучи да ги започне преговорите. За жал, проблемот сега е Бугарија и мора да го решиме. Сепак, за овој проблем се грижиме со цел да почнат преговорите, истакнува Руте во изјава за телевизија Сител, додавајќи дека е претпазлив оптимист во однос на тоа дали земјава ќе ги почне преговорите во декември.

Тој се надева дека ќе се најде решение по изборите во Бугарија и како што наведе, имајќи го предвид фактот дека неговите колеги во ЕУ го делат ставот дека билатералното прашање меѓу Софија и Скопје не треба да е пречка за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

За тоа дали евентуалната промена на власта во земјава може да влијае на тој процес, Руте кажа дека не би сакал да шпекулира и оти тоа е внатрешно политичко прашање на државата.

– Јас лично сум добар пријател со премиерот Зоран Заев, но се разбира дека ќе работиме со секоја Влада на Северна Макеоднија, рече Руте.

Вели дека е случајност тоа што неговата прва посета на земјава е ден пред гласањето доверба на Владата во македонското Собрание.

–  Оваа посета беше планирана еден месец претходно и секако не можеше да се претпостави каква ќе биде актуелната политичка состојба, посочи холанскиот премиер.

Појаснува дека Холандија отсекогаш била строга, но фер кон земјите кои сакаат да се приклучат кон ЕУ.

– Холандија беше против почеток на преговори во ЕУ долго време, но морам да признам дека тоа беше строго, но и фер. Строго бидејќи зема многу време, но фер бидејќи кога беа направени сите потребни чекори тогаш Холандија, но и Франција и другите рекоа: Да за почеток на преговори со Македонија. Секако, ова прашање кое беше покренато во текот на летото со Бугарија би ме иритирало многу, бидејќи тоа е она што ги блокира преговорите и меѓувладината конференција. Во таа смисла би си рекол: дечки вие решете го ова, а не ние како Северна Македонија, ако одговорам како Македонец. Тоа е работа на ЕУ, рече Руте. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.