НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Пендаровски предвидува „бугарско сценарио“ ако никој нема јасно мнозинство во парламентот

0
By НОВА ТВ on November 10, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски смета дека државата е во политичка криза и дека ако нема јасно мнозинство ќе биде уште полошо.

-Она што мене ми се чини дека ќе биде уште полошо од оваа тековна политичка криза е ако во наредниве денови, не добиеме јасно мнозинство на некои од овие две страни кои се обидуваат да дојдат до 61 пратеник, истакна Пендаровски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.

Според него, во тој случај можеме да влеземе во т.н. бугарско сценарио.

Претседателот Пендаровски рече дека загубата на Град Скопје на локалните избори не смеело да биде повод за премиерот Зоран Заев да се повлече од политиката. Тој смета дека оваа политичка криза е предизвикана од потегот на премиерот.

-Јас мислам дека тоа не смееше да биде повод за повлекување од политиката, истакна Пендаровски.

Шефот на државата рече дека неколку пати разговарал со Заев околу причините за оставката. Според него, мотивите и причините за неговата оставка не се само политички туку се и длабоко лични.

-Јас мислам дека независно од последните најави од вчера дека тој ќе остане уште извесен период, јас мислам дека неговото повлекување од политиката е прашање на месеци, додаде Пендаровски.

Во однос на тоа, кој би можел да го замени, претседателот рече дека „знаеме дека политичкиот капацитет и за коалицирање, и за менаџирање на процесите, во рамки на таа политичката партија, години наназад е најголем кај Зоран Заев“.

Претседателот Пендаровски рече дека ќе организира лидерска средба само доколку двете страни имаат по 60 пратеници во Парламентот, и не можат да формираат мнозинство ниту едните, ниту другите.

-И да ги повикам, што ќе им кажам? Според Уставот јас не можам да им држам предавање. Кај нас е парламентарен систем, не е претседателски. Можам ако не дај Боже влеземе во пролонгирана криза, претпоставена да двете страни имаат по 60 пратеници, и да ги викнам да им кажам дека мора да се најде решение. Ако се изгласа мнозинство, моите рокови се јасни, 10 дена имам за давање на мандатот. И да нема енергетска криза, премногу време губиме за било која реформа, и уште тоа недостасува да се направи да имаат сите по 60 пратеници. Но тоа би било во подоцнежна фаза, не сега, изјави Пендаровски.

Во врска со утрешната собраниска седница и за тоа кој ќе го добие мандатот, претседателот кажа дека нему му е важно мнозинство да се добие по демократски пат, и дека само така ќе се има легитимитет и внатре и надвор.

-Она што како претседател ми е важно, и е важно и за меѓународната заедница, е следното: оној кој ќе добие во демократска процедура 61 глас, тој ќе биде потполно релевантен соговорник и внатре и надвор. Мене ми е најважно да се случи 61 глас во демократска процедура како што е пропишано во Устав и Закон, рече Пендаровски.

На прашањето кој има мнозинство според неговите информации, тој рече дека се шегувал оти сега и најдобрите разузнавачи не знаат кој има мнозинство.

Шефот на државата вели дека поголемиот дел од политичарите не би сакале брзи избори. Причините како што кажа е опаѓањето на бројот на гласачите и калкулациите на политичките партии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.