Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тачи: Владата нема да падне, ќе има нови министри

0
By НОВА ТВ on November 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 11, 2021 11:19

Пратеникот на ДПА, Мендух Тачи денеска изјави дека според информациите, со кои располага тој, актуелната Влада ќе опстои, Зоран Заев ќе остане на власт следните три години, а Северна Македонија ќе добие датум за преговори.

Тачи во гостување во „Утрински брифинг“ говореше за консултациите на владините партнери во пресрет на денешната парламентарна седница, на која на дневен ред е Иницијативата за интерпелација на Владата, нагласувајќи дека кога разговорите се водат во „пет до 12“, тие се тајни, а ги предводел Заев.

– Мислам дека денеска нема да падне Владата. Според информациите што ги имам, Владата ќе остане и ние и ќе добиеме датум за преговори, истакна Тачи.

Тој изјави дека ВМРО-ДПМНЕ имале средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, но, како што напомена, „според тоа каков им е рејтингот малку е веројатно дека би сакале да има предвремени избори“. Тачи додава дека Беса е мала партија со занемарлив резултат на изборите, а Алијанса има амбиции да се бори за власт.

Смета дека и Заев и опозицијата избрзале со иницијативата за оставката, односно со иницијативата за пад на оваа Влада.

– Како да се местеа коцките, Заев да се врати. За мене како политичар со искуство беше неразбирливо од каде толкави суми пари се фрлија на овие избори. Ова не беа локални избори оваа иницијатива не беше локална, ова беше иницијатива за промена на поредокот во Македонија. Од надворешен аспект, дали парите се од Кина или Русија треба да си дознаат службите. А што се однесува до домашен аспект, се знае дека валканите пари се перат преку урбаната мафија. Нашиот премиер храбро влезе во оставката. Во Косово партијата на премиерот не освои ништо на локални избори никој не го ни праша за оставка, вели Тачи за „Утрински брифинг“.

Во однос на тоа што доколку резултатот од вечерашното гласање е никој да нема мнозинство, Тачи вели дека премиерот по евентуалното неуспешното гласање вечер има овластување да преговара и ќе се формира нова реконструирана влада со Зоран Заев како мандатар. – Јас велам дека на 15 ќе имаме и добра вест, вели Тачи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.