При претрес во стан во населбата Аеродром е пронајденa таблетa екстази и вага со остатоци од кокаин, а во подрумските простории е пронајдено едно пакување експлозив – тротил со жици електрични запалки – детонатори М5 за експлозив, кои од страна на Секторот за антитероризам при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал се подигнати со цел понатамошно вештачење, информираа од МВР. Акцијата продолжила со претрес на гаража на ул. „Бојмија” во хартиена кеса е пронајдена поголема количина парични средства во апоени од 100 долари, или вкупно 396.200 долари, за кои од првичниот увид може да се утврди дека се работи за фалсификувани банкноти и едно полиетеленско пакување во кое има 149 екстази.
Првиот претрес бил извршен во стан на ул. „Венјамин Манчуковски“ во скопската општина Аеродром, во кој биле затекнати М.М. (20) и 16 годишен малолетник од с. Зелениково.
Лицата се лишени од слобода и против нив СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава по чл. 396, чл.215 и чл. 268. Исто така, при преземањето на координираните мерки и активности биле лишени од слобода и Н.Т. (20), кај кој при личен преглед се пронајдени марихуана, синтетичка дрога амфетамин и трипови, и М.Г.(21), кај кого е пронајдена марихуана. МВР продолжува со вршење на проверки со цел идентификување и на други инволвирани лица.